X
 07.08.2018 Култура

Песната што ја напиша Балашевиќ наместо писмена по математика

Не е тајна дека Балашевиќ не бил добар ученик, а и самиот пишувал и пее за тоа. Раскажува дека најголем проблем му правеле неоправданите изостаноци од часовите напролет, како се расправал со професорите, како бил исфрлен од гимназија...

Сепак, деновиве на социјалните мрежи се врти една негова песна која докажува дека уште тогаш бил навистина добар пример за креативност и пристап кон животот.

Имено, на еден час кога работеле писмена задача по математика, за која очигледно не бил подготвен, Балашевиќ наместо да ги решава задачите, напишал песна. Не се знае како тоа поминало кај наставничката, но изгледа дека и генерации подоцна се чита и се споменува по училиштата.

Песната оди некако вака:

Не сум филозоф иако сум сличен
И ако подобро размислам за тоа
Не се истакнувам со ништо особено
Освен што си живеам свој живот.
*
Едноставно не можам да препишам
Тоа за мене е голем срам
Не можам под клупа да ѕирнам
Тоа би ме измачувало цел живот.
*
И затоа веројатно ќе паднам
и на училиштето ќе му речам збогум засекогаш
тоа ќе ми го промени животот од корен
можеби така ќе станам човек.
*
Не сум филозоф иако сум сличен
И ако подобро размислам за тоа
Не се истакнувам со ништо особено
Освен што си живеам свој живот.




На својот профил на „Фејсбук“ песната ја сподели и неговата ќерка Јелена, со мало дополнение на втората строфа, а нејзиниот коментар ги насмеа фановите на Балашевиќ.

„Па да... Полесно е да се напише песна отколку да се учи за синус и косинус!“

Дополнение:

Едноставно јас не можам да препишам НЕШТО
Тоа за мене е голем срам ...
Не можам под клупа да ѕирнам ВЕШТО
Тоа би ме измачувало цел живот.

(Не сакам да кодошам, но ВАЖНО НАМ НИ ВЕЛЕШЕ:
- ЗАВРШЕТЕ УЧИЛИШТЕ, ШТО ВИ Е ТОЛКУ ТЕШКО, НЕ БАРА МНОГУ, НИКОГАШ НЕ СЕ ЗНАЕ...
- А КАКО МОЖЕШЕ ТИ ДА...
- ЈАС СУМ ДРУГО!)


Извор
Па, изгледа дека навистина е друго.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура