X
 20.03.2024 Живот

Ова е професијата за која сонуваат најголем број луѓе во светот

Пилотот е најпосакуваната професија во светот во 2024 година. Ова го открила студијата на порталот за вработување „Џобсикер“, која ги генерирала податоците со помош на алатката за анализа на пребарување наречена „Ахрефс“.

„Џобсикер“ составил листа со 35 професии кои вообичаено се дефинираат како кариера од соништата, кои потоа биле префрлени во „Ахрефс“, па најпосакуваните работни места биле рангирани според вкупниот глобален обем на пребарување.

Реченицата „Како да се стане пилот“ била пребарувана повеќе од 50.000 пати на интернет во јануари оваа година низ целиот свет - од Обединетото Кралство и Шпанија, до Кенија, Сомалија, Саудиска Арабија и Јапонија - и со тоа се рангирала на врвот на листата со најпосакувани професии во 2024 година.

Стјуардесите ја имаат втората најпопуларна работа на планетата бидејќи имале 29.000 пребарувања на интернет во истиот период, најмногу во САД, Канада, Мексико и Бразил.

Работата како модел се најде на третото место на листата со најпосакувани професии, во првиот месец од 2024 година со 25.000 пребарувања. Најголем број пребарувања имало од европските земји Франција, Германија, Италија и Хрватска.

Според истражувањето на „Џобсикер“, во јануари годинава жителите на Хрватска најмногу прашувале за таа професија.

Во 10. најпосакувани работни места според овој метод на барање работа имало и „вообичаени“ професии како психолог, доктор, наставник, адвокат и пожарникар.

Единствен исклучок од ова правило е занимањето „инфлуенсер“, кое е на петтото место, и претприемач - на десеттото место.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот