X
 24.11.2025 Живот

Најбогатите луѓе во светот - само еден Европеец е меѓу нив

Според најновата листа на американската агенција „Блумберг“, најбогатиот човек на светот е сопственикот на „Тесла“, „Спејс екс“ и социјалната мрежа „Х“, Илон Маск, чие богатство моментално се проценува на 449 милијарди долари (388 милијарди евра).

Основачот на компанијата „Оракл“, Лери Елисон, се наоѓа на второ место со 297 милијарди долари (256,7 милијарди евра), додека на третото место е основачот на „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 265 милијарди долари (229 милијарди евра).

На четвртото и петтото место се коосновачите на „Гугл“, Лери Пејџ со 242 милијарди долари (209 милијарди евра) и Сергеј Брин со 226 милијарди долари (195,5 милијарди евра).

Основачот на „Мета“, Марк Закерберг, го држи шестото место со богатство од 220 милијарди долари (190 милијарди евра), додека францускиот милијардер Бернар Арно е седми со 191 милијарда долари (165 милијарди евра).

Арно е воедно и единствениот Европеец меѓу 15. најбогати луѓе во светот. Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, се наоѓа на 15. место со богатство од 117 милијарди долари.

Извор: bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот