X
 20.03.2024 Живот

Во 2023 година сме имале над 103 илјади невработени, најмногу со средно образование

Во 2023 година активното население во Македонија изнесува 791.647 лица, од кои вработени се 688.295, а 103.351 лице се невработени, објави Државниот завод за статистика. Истовремено, бројот на неактивното население изнесува 723.459 лица. Вкупниот број на работоспособното население во Македонија изнесува 1.515.106 лица.

стат-активно-население
стат
Фото: ДЗС
(за поголема резолуција, кликнете на сликата)

Од вкупното активно население 462.100, односно 58,4 отсто, се мажи, а 329.547, односно 41,6 отсто се жени. Од вработените 396.127, односно 57,6 отсто се мажи, а 292.168, односно 42,4 отсто се жени. И кај невработените е поголем бројот на мажите, па така 65.972 лица, или 63,8 отсто од невработените се мажи, а 37.379 или 36,2 отсто се жени. Сепак, жените преовладуваат кај неактивното население, па 440.453 лица од неактивното население се од женски пол, што е 60,9 отсто, а останатите 39,1 отсто или вкупно 283.007 лица се од машки пол.

Податоците на ДЗС покажуваат дека најголем број од вработените во земјава се на возраст од 25 до 49 години (431.425 лица), а на таа возраст се и најголем број од невработените (66.680 лица). Кај неактивното население, пак, најбројни се повозрасните, односно оние постари од 65 години, чиј број изнесува 308.517 лица.

Најголема стапка на вработеност има кај лицата на возраст од 25 до 49 години (70,1), додека најголема стапка на невработеност има кај работоспособното население на возраст од 15 до 24 години (29,3).



Ако се разгледаат податоците за вработените според секторите на дејност и видот на сопственоста, може лесно да се забележи дека најголем број од вработените во Македонија работат во преработувачката индустрија (134.462 лица), каде што доминира приватната сопственост, а на второто место е трговијата на мало и големо, поправка на моторни возила и мотоцикли со 105.666 вработени, исто така доминантно во субјекти во приватна сопственост.



Во образование работат 49.110 лица, покажуваат податоците.

Од целото вработено население, 578.045 лица се вработени, 41.467 се работодавци, 52.033 се вработени за сопствена сметка и 16.750 се неплатени семејни работници.



Податоците на ДЗС покажуваат дека најголем дел од вработените, односно 335.997 лица се со 4-годишно средно образование, по што следуваат оние со високо образование, чиј број е 187.986, па оние со основно (91.703) итн.

Меѓу невработените најбројни се исто така оние со 4-годишно средно (52.805), а по нив следуваат оние со основно (19.999), па оние со високо (18.525) итн.


Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот