Малите претприемачи се меѓу највредните во светот на бизнисот. Тие работат најмалку 41 час неделно, во споредба со просекот на ЕУ од 36 часа за вработените.
Новата студија на компанијата „Сам ап“, спроведена на речиси 4.000 мали претприемачи во Ирска, Италија, Велика Британија, Германија и Франција, открива големи разлики во нивните работни навики.
Британците не паузираат, Италијанците користат пауза подолга од еден час
Според еден извештај, во Велика Британија 43 отсто од сопствениците на мали бизниси ретко прават пауза за ручек.
Ова е сосема спротивно од Италија и Франција, каде што само 11 отсто и 17 отсто соодветно го прескокнуваат ручекот. Италија има најголем процент (33 отсто) од испитаниците што признаваат дека нивните паузи за ручек траат подолго од еден час.
Следува Франција со 15 отсто, па Германија со 12 отсто и Ирска со 6 отсто, додека Велика Британија е на самото дно со 5 отсто.
Кои претприемачи имаат најдолга работна недела?
Податоците на „Евростат“ даваат појасна слика за бројот на работни часови на самовработените лица.
Гледајќи ги претприемачите од сите големини на компании – од кои 99 отсто се мали бизниси – Белгијците работат најмногу, просечно 48,9 часа неделно. По нив следуваат Кипарците (47,5) и Грците (47,3).
Од друга страна, најмалку работни часови имаат балтичките земји, а на дното на листата се Латвија (37,8), Естонија (38,8) и Литванија (39,3).
Велика Британија не е вклучена во податоците на „Евростат“, но истражувањето на „Сам ап“ покажува дека 41 отсто од британските мали бизниси работат повеќе од 40 часа неделно, додека 10 отсто работат повеќе од 60 часа.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik