X
 20.04.2015 Живот

Зборови кои треба да ги избегнувате кога се опишувате себеси на интервју

Менаџерите за вработување имаат свои омилени прашања кои обавезно ги прашуваат за време на интервју, обично варијации од најчестите - „Како би ве опишале вашите колеги?“ или „Употребете три зборови за да се опишете себеси“.

Во секој случај, вашиот севкупен пристап ќе биде ист. Она што треба да знаете е кои зборови е потребно да ги искористите или пак, зборови кои никогаш не треба да ги искористите.

1. Интелигентен

Знаете дека сте интелигентни, и знаете дека овие менаџери бараат некој кој е интелигентен, па затоа најдобро би било да не го употребувате овој збор. Ова е еден од зборовите кои сакате луѓето да ги кажат за вас, но не сакате да вие самите да го кажете за себеси.

Што да искористите наместо овој збор


Зборувајте за начинот на кој размислувате, и користете зборови како „логички“, „квалитетен“, „брзо учам“. Треба да користите зборови кои повеќе звучат како факти, а помалку како фалење.

2. Симпатичен

За ова важи истата причина како и за интелигентен. Глупаво е да кажете зошто му сте симпатичен на луѓето и некогаш всушност излегува како да сте очајни. „Секој ми вели здраво, се смее на моите шеги и му недостасувам кога не сум на работа?“ - звучи и повеќе од очајно.

Што да искористите наместо овој збор

Користете зборови како „тимски играч“, „ентузијастичен“ и потврдете ги со примери како сте се вклопиле во тимот или сте направиле нешто за вашите колеги.

3. Успешен

Можете успешно да направите нешто, но не можете да се наречете себеси успешен. Тоа е исто како да кажете дека сте богати и згодни.

Што да искористите наместо овој збор


Насочете го фокусот од успех на глобално ниво, до успех на поспецифични вештини. Можете да кажете дека сте одлични во тоа што го правите. Всушност, и треба тоа да го кажете.

4. Опсесивен

Дури и да сте неизмерно страсни за вашата работа, сепак треба да избегнете да го користите овој збор кој скоро секогаш има негативна конотација.

Што да искористите наместо овој збор


Постојат многу други зборови кои можете да ги искористите за да искажете колку сте инвестирале во вашата работа и колку ја сакате - зборови како „фокусиран“, „ориентиран кон детали“, „напорен работник“, „посветен“ итн.

5. Скромен

Чудно е и глупаво да се фалите за тоа колку сте скромен. Всушност, со тоа покажувате дека воопшто не сте скромни, бидејќи скромната личност никогаш нема да каже дека е скромна.

Што да искористите наместо овој збор


Доколку ова е нешто што навистина сакате да го кажете, одете со стратегијата „покажи, а не кажувај“. Секој пат кога сакате да се пофалите со нешто, само кажувајте ги фактите. Зборувајте за тоа што сте направиле, кој бил резултатот и што другите мислеле за тоа, оставајќи го самиот менаџер да процени.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот