X
 20.04.2022 Живот

Калифорнија размислува за скратена 32-часовна работна недела за поголемите компании

За компании со повеќе од 500 работници, Калифорнија размислува да воведе 32-часовна недела. Нема да има кратење на платите, а на оние што работат повеќе, би им се давала 1,5 пат поголема плата.

- Нема смисла сè уште да се држиме до распоредот за работа што ѝ служеше на Индустриската револуција - рече во изјавата членката на Демократското собрание, Кристина Гарсија, еден од спонзорите на законот.

Речиси 48 милиони Американци ги напуштија своите работни места минатата година, а трендот и понатаму е силен. Речиси 4,4 милиони работници дале отказ само во февруари, според американското Министерство за труд.

- Немаше корелација помеѓу повеќе часови работа и подобра продуктивност - изјави Гарсија.

Сепак, Стопанската комора на Калифорнија се противи на предлог-законот нарекувајќи го „убиец на работните места“, бидејќи на крајот ќе наметне повеќе трошоци за бизнисите.

- Трошоците за работна сила често се едни од највисоките со кои се соочува бизнисот. Таквото зголемување на трошоците за работна сила ќе ја намали способноста на бизнисите да вработуваат и да создаваат нови позиции и ќе го ограничи растот на работните места во Калифорнија - напиша Ешли Хофман, застапник за јавна политика во Стопанската комора на Калифорнија.

вработен
Фото: Freepik

Поддржувачите на четиридневната работна недела велат дека истата работа може да се заврши во пократок временски рок. Сега повеќе компании ја тестираат со цел да се задржи благосостојбата на вработените.

Идејата е дека вработените работат 80 отсто од времето за 100 отсто од платата и одржуваат 100 отсто продуктивност. Се сведува на поефикасно работење, вклучително и намалување на непотребните состаноци.

Извор: CNBC
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот