X
 13.07.2023 Живот

Држава од Балканот бара работници и нуди плата до 2.500 евра

Словенија е една од европските земји на кои оваа сезона ѝ се потребни работници.

Тоа го покажуваат и голем број огласи за вработување во Словенија објавени на многу портали за барање работа.

Најчесто бараат возачи и занаетчии, но има понуди и за други занимања. Условите се минимални, а платата почнува од 1.300 евра. Најчесто се работи 5 дена во неделата, по 8 часа. Прекувремената работа се плаќа, а работниците имаат оброк, превоз до работа, покриени трошоци за виза, а некои нудат и платено сместување.

Подолу ви пренесуваме работни места во Словенија кои можат да се направат без познавање на јазикот или посебни квалификации.
Рудар - 1.500 евра

Почетната плата за рударски работник е 1.500 евра, а дополнително се исплаќа секоја прекувремена работа, стои во оглас на словенска веб-страница за огласување на работа. Работодавецот наведува дека дополнително плаќа топол оброк и превоз до работа, а дава и дозволи за работа и престој.

Од потребните квалификации, работодавецот наведува дека е пожелно работно искуство, но не е неопходно и дека се бара одговорност и сериозност во работата.

Работник на производствена линија - 1.700 евра

За оваа позиција во Словенија се нуди плата од 1.700 евра за 40 часа неделно, во три смени. Дополнително се плаќа прекувремена работа и храна.

Работодавецот наведува дека ги покрива трошоците за работни документи и виза и дека дава дополнителни стимулации, награди и регрес од 2.000 евра. Наведени се и дополнителни бенефиции за вработените и помош при наоѓање сместување. Квалификациите бараат работно искуство, соодветно образование, возачка дозвола Б-категорија и подготвеност за работа, усовршување и напредување.

Автомолер - 1.800 евра

Автомолер во Словенија може да заработи плата до 1.800 евра, а како што стои во описот на работното место, зависи од искуството и знаењето на работникот. Платата е за работно време од 7,5 часа за 5 работни дена, а дополнително се плаќа прекувремена работа. Работодавецот ги покрива трошоците за документи и виза, а дополнително се плаќа и храна и патни трошоци, а како што се наведува, постои можност за користење службено возило.

Потребните квалификации за вршење на оваа работа се задолжително работно искуство од 3 до 5 години, подготвеност за работа на терен и сериозност, одговорност и самостојност во работата.

Автомеханичар - 2.000 евра

За работното место автомеханичар работодавец во Словенија нуди плата од 1.500 до 2.000 евра. За оваа плата се очекува кандидатот да ја знае работата, да биде одговорен, точен и снаодлив, да има најмалку 3 години искуство и возачка дозвола Б-категорија.

Покрај редовната плата, работодавецот нуди и обезбедена работна дозвола.

Возач на комбе - 2.500 евра


За возач во Словенија се нуди плата од 1.300 до 2.500 евра. Условите се возачка дозвола, разбирање српски и хрватски јазик, иако не е задолжително. Покрај редовната плата, се наведува дека постои можност за бонус за учинок и унапредување. Во овој случај, компанијата нуди помош при изнајмување на куќата, финансиски и логистички.

Се бараат и курири, магацински работници, продавачи, медицински сестри...

Меѓу многубројните огласи на веб-страниците за вработување во Словенија најбарани се возачите и занаетчиите. Но, се бараат и работници од други профили: курири, магационери, продавачи, медицински сестри, готвачи, келнери... Платата варира во зависност од квалификациите и струката, но според понудата, не оди подолу 1.300 евра.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот