Првпат во овој дел на Европа, во Помурје, е спроведена роботска сеидба на пченка. Автономен земјоделски робот, односно трактор без кабина, целосно самостојно ја изврши работата.
- Ова е презентација на модерните технологии во земјоделството, кои го покажуваат правецот на развој на индустријата - изјави Блаж Гермшек од Земјоделскиот институт на Словенија.
Роботот, кој чини над 300.000 евра, е малку побавен од класичниот трактор, но значително попрецизен и може да работи 24 часа дневно.
Како што вели Гермшек, клучна предност на роботизацијата е поголема прецизност на производството и ослободување на луѓето од работа што не сакаат да ја работат. Тој додаде дека ваквите технологии ја зголемуваат атрактивноста на земјоделството.
Маша Керстејн, претставничката на Министерството за земјоделство, истакна дека модерните технологии овозможуваат да се создаваат политики засновани на податоци, а не само на компромиси.
Според неа, дигитализацијата отвора можност за побрз, поточен и поодржлив развој на земјоделските стопанства, како и подобар одговор на предизвиците на модерното време.
Фото: freepik