X
 20.07.2017 Живот

10 зен-принципи чие спознавање би можело да ве промени

Зенот е посебна состојба, тоа е уметност на живеењето во сегашноста, тоа е чувствување на себеси како дел од целина, разбирање на вистинските суштински работи. Тоа го нарекуваме освестување. 

Овде се собрани десет кратки принципи чие спознавање би можело да ве промени. За да се случи тоа, не треба да седите со прекрстени нозе, да дишете преку стомакот и да го издишувате сиот воздух.
Само треба да ја прифатите вистината и таа ќе ви го промени сиот живот!

1. Започнете да живеете, а не да се подготвувате за живот кој ќе биде во иднина.
2. Правите грешки, што е можно повеќе, само запаметете една работа: не правете една иста грешка два пати. И ќе растете.
3. Ако сакате да живеете, научете едно: прифатете ги работите онакви какви што се и прифатете се себеси онакви какви што сте.
4. Ако сакате некој човек, нема да се мешате во неговиот живот. Нема да се осмелувате да го нарушувате неговиот внатрешен свет.
5. Престанете да размислувате за тоа како да добиете љубов, почнете да ја давате. Како што ќе давате, ќе почнете да примате. Друг начин нема.
6. Сето страдање во светот произлегува од тоа што сосема заборавате дека треба да живеете и сте почнале да се занимавате со активност што нема никаква врска со животот.
7. Треба да знаете дека слободата е највредна, а ако љубовта не ви дава слобода, тоа не е љубов.
8. Секој учи некој друг каков треба да биде и никој никогаш не е задоволен.
9. Ако сте богати, не размислувајте за тоа, ако сте сиромашни, не земајте го за сериозно вашето сиромаштво.
10. Вие сте голем љубител на создавање проблеми... само треба да го сфатите тоа и проблемите ќе исчезнат.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот