X
 20.07.2018 Живот

„Јутјуб“ блокира профил на родители што си ги злоупотребувале децата за да снимаат видеа

„Јутјуб“ го блокира профилот „FamilyOFive“ кој им припаѓа на родителите Мајк и Хедер Мартин од Мериленд, САД. Двајцата беа обвинети за занемарување на дете минатата есен и беа осудени на петгодишна условна казна и загуба на старателство на две од нивните пет деца. Тие ги користеле децата за да снимаат вирални видеоснимки со сцени што содржеле злоупотреба на своите деца.

Притисокот од јавноста се зголемуваше врз „Јутјуб“ и се бараше одговорност од компанијата откако беше откриено дека семејството Мартин сѐ уште е активна на платформата за споделување видеа.  Нивното последно прикачено видео е објавено пред четири дена. Семејството тврдело дека нивните деца глумеле во видеата.

Меѓутоа, вербалните напади и прикази на физичко насилство во видеата, заедно со доказите дека нивните деца претрпеле повреди при снимањето, добија широка осуда од членовите на заедницата на „Јутјуб“. Тие тврдеа дека двојката ги искористила своите деца за да заработи преку објавување вознемирувачки содржини на злоупотреба.
Еден од најгласните критичари беше истакнатиот јутјубер Филип де Франко, чии видеа на оваа тема го кренаа вниманието на јавноста и на одговорните лица за однесувањето на двојката.

По пресудата, семејството Мартин се сели од Мериленд во сојузната држава Западна Вирџинија, со нивните три преостанати деца, каде што отвори нов јутјуб-канал, под ново име.
Стариот канал на „Јутјуб“, во врвот на нивната слава, имаше повеќе од 750.000 претплатници и повеќе од 175 милиони прегледи на видеата.
Доколку сакате да ги пребарате нивните стари видеосодржини, можете да ги најдете под старите наслови, но доколку сакате да ги отворите, на вашиот екран ќе се појави порака оставена од компанијата зад платформата „Јутјуб“. Компанијата сега бара сите видеа што се прикачуваат на платформата, а во кои има деца, да бидат во согласност со локалните закони за детска работа и заштита на деца.

Семејството Мартин вели дека „Јутјуб“ е нешто во кое уживаат и ќе го прават во рамките на строгите граници што си ги поставиле.
Подготвил: Т.Ц

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот