X
 19.11.2015 Живот

Земјите кои добиваат најголема воена помош од САД

САД троши милијарди долари за помош на надворешните армии. Во 2014 година, државата потрошила 5,9 милијарди американски долари за оваа цел. Речиси 75% од овие завршиле во само две земји, додека останатите 25% завршиле во други 72 земји.


Најголема воена помош од САД во 2014 година добиле:

1. Израел - 3,1 милијарда долари
2. Египет - 1,3 милијарда долари
3. Ирак - 300 милиони долари
4. Јордан - 300 милиони долари
5. Пакистан - 280 милиони долари.

Во 2015 година, од САД биле побарани 5,6 милијарди долари за воена помош.

На мапата со земјите кои искористиле помош од САД се наоѓа и Македонија со 3,6 милиони долари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот