X
 08.09.2018 Живот

Хомосексуалноста во Индија повеќе не е кривично дело

Врховниот суд во Индија едногласно донесе одлука да го декриминализира хомосексуалниот секс во историска пресуда за правата на хомосексуалците.

Петте судии од највисокиот суд во земјата пресудија дека 160-годишниот закон со кој се забранува сексот „против редот на природата“ претставува дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и е неуставен.

Пресудата, по 24-годишни правни предизвици, предизвика радост кај Индијците од ЛГБТ-заедницата и нивните сојузници. Во Мумаби луѓето маршираа носејќи огромно знаме од виножито; во Бангалор се завиткаа во знамето на ЛГБТ и испуштија голем број балони. Во луксузниот хотел „Лалит“ во Њу Делхи, со кој управува еден од активистите што се бореа за овој закон, персоналот танцуваше во лобито.

Пресудата ги цитираше Лорд Алфред Даглас („Љубовта што се осмелува не го кажува своето име“), Леонард Коен („Од пепелта на геј/демократијата доаѓа“), Вилијам Шекспир („Името не е важно! Цвеќето кое го викаме роза на секој би му мирисало убаво и со друго име“) и германскиот филозоф Јохан Волфганг фон Гете („Јас сум она што сум, прифати ме каков што сум“).

indija
Фото: ЕРА


- Социјалната исклученост, изолираноста на идентитетот и изолацијата од општествениот мејнстрим сѐ уште се строга реалност со која се соочуваат денешните индивидуи. Кога секој поединец ќе се ослободи од оковите на таквото ропство, тогаш можеме да се наречеме слободно општество - изјави Дипак Мисра, судија во Врховниот суд во Индија.

- Историјата им должи извинување на членовите на заедницата поради одложувањето на обезбедувањето на нивните права - рече Инду Малхотра, друг судија.

- Денес е историски ден. Треба сите да бидат вклучени, да ги остварат своите основни права за еднаквост, приватност, достоинство и слично. Тоа е она што судот го изјави и даде упатства за да биде достапно и познато на сите - изјави Ананд Гровер, еден од адвокатите што го водеа случајот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот