X
 20.07.2025 Живот

За Ангела Пеева која балансира товар на авиони, најдобрите студенти на Факултетот за ветеринарна медицина и на Градежниот факултет... Што пишувавме неделава?

Време е да се откажеме од практиката „така било отсекогаш“ и да градиме систем што го вреднува знаењето, вели Беса Исмаили, најдобар дипломец на Градежниот факултет при УКИМ

Беса Исмаили беше наградена од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје како најдобро дипломиран студент на Градежниот факултет во академската 2023/2024 година. Моментот кога беше прогласена за најдобра во генерацијата ѝ бил најсреќниот момент од студирањето.

Ангела Пеева балансира товар на авиони на интернационалниот аеродром во Диселдорф: „Некогаш и помалата тежина е проблем за безбедноста на авионот“


Кога тргнале за Германија, чекајќи го авионот, со сопругот разговарале колку би било возбудливо да се работи на аеродром. Разговорот случајно се совпаднал со работата што Ангела Пеева од Македонија ја добила во Германија. Станала балансер на товар на авионите на интернационалниот аеродром во Диселдорф.

„Како дете оперирав кадифени играчки и постојано велев дека ќе бидам доктор за животни“ , истакна Ненад Димковски - најдобар студент на Факултетот за ветеринарна медицина


„Еден од најтешките периоди дефинитивно беше пандемијата на ковид-19. Наставата се префрли онлајн, но ветеринарната медицина не е област што може целосно да се изучува од дома. Немаше контакт со животни, немаше работа со инструменти и тоа создаде празнина која тешко се пополнува само со теорија“, потенцира Ненад Димковски, кој го доби признанието најдобар студент на Факултетот за ветеринарна медицина.

Издвојуваме

Живот