Можеби некогаш кога сте биле на патување во други земји сте забележале автомобил покрај патот со закачена бела крпа или пешкир на ретровизорот и сте се запрашале што значи тоа. Иако кај нас ова не е вообичаено, во одредени делови од светот оваа пракса има многу важно значење, a понекогаш дури може и да спаси живот.
Кога возилото е запрено
Доколку автомобилот стои покрај патот, а на ретровизорот или на рачката од вратата е закачена бела ткаенина, тоа најчесто значи дека возилото не е напуштено, туку е расипано. Возачот привремено заминал по помош, но планира да се врати и да го помести возилото. Со тоа испраќа сигнал до другите возачи и полицијата дека не станува збор за запуштен автомобил.
Овој начин на означување е наведен во прирачници за возачи во некои американски сојузни држави, како Северна Каролина. Сепак, значењето може да се разликува од држава до држава.
Кога постои здравствен проблем
Во Минесота, на пример, бела крпа може да означува дека возачот или патникот имал ненадеен здравствен проблем и бил принуден да застане на тоа место. Така им се дава сигнал на другите дека станува збор за итна ситуација, а не дека возилото застанало затоа што е расипано.
Кога возилото се движи
Ако автомобилот е во движење, белата ткаенина има сосема друго значење - таа предупредува дека во возилото има лице на кое му е потребна итна медицинска помош и дека автомобилот треба да има предност на патот.
Таква практика е позната, на пример, во Шпанија, каде што во одредени околности возило со бела крпа може привремено да се третира како возило на итната помош иако возачот и понатаму мора да ги почитува сообраќајните правила и знаци.
Зошто е важно да се знае овој знак?
Овој едноставен, но ефективен сигнал може да направи огромна разлика во критични ситуации. Ако знаете што значи, ќе реагирате правилно.
Иако кај нас бела крпа на ретровизор не претставува официјално правило, важно е да се има предвид дека во други земји тоа е универзален повик за разбирање и помош.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik