X
 09.09.2022 Живот

Најчудните закони за возење низ светот

Возењето во друга земја може да биде стресно искуство. Освен тоа, постојат места со навистина бизарни закони поврзани со возењето.

Во Јапонија може да бидете казнети доколку како трезен совозач се возите со пијан возач. Во Кина, а особено во Пекинг, застанувањето на улица за да поминат пешаци е противзаконско. На Тајланд, пак, не смеете да возите автомобил или велосипед без маица.

Најчудни закони за возењето има во САД, иако повеќето од нив важат само за одредени сојузни држави. Во Калифорнија не смеете да го полирате автомобилот со стара долна облека, а не смеете ниту да застанете покрај улица за да отспиете. Забрането е и пукање во животно од автомобил.

На Алјаска не смеете да го врзувате кучето за покривот на возилото. Во Масачусетс нелегално е да се возите со горила на задното седиште, а во Невада не смеете да возите камила на автопат. Во Минесота не смеете да ја поминете државната граница со патка на главата, додека во Кентаки е нелегално да му дозволите на домашниот миленик да скока на автомобилот.


Фото: Pixabay

Во Иванстоун, Илиноис, нелегално е да се пресоблекувате во автомобил со завеси, освен во случај на пожар. Во Џорџија не е легално да возите низ игралишта, а во Мејн не смеете да паркирате пред „Данкин донатс“. Во Оклахома противзаконско е да читате стрип при возењето, а во Денвер, Колорадо, во недела е забрането да се возат црни автомобили.

Во Европа, исто така, има чудни правила за возењето. Во Москва може да ви одредат парична казна за валкан автомобил, а во Франција мора да носите сопствен тест за алкохол. Во Данска законот наложува пред тргање на пат да проверите дали под автомобилот се кријат деца.

На Кипар е забрането да се јаде или пие во текот на возењето, а во Швајцарија се забранува миење на автомобилите во недела.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот