X
 20.09.2017 Наука

Чувањето тајни може да ја зголеми анксиозноста

Сите чуваме тајни во нашите животи. Некои од нив остануваат долго време, а други се откриени во рок од неколку часа.

Тешко е човек да чува тајна - без разлика колку и да се труди.

Но сега едно ново истражување открива дека чувањето тајни не е добро за вашата ментална благосостојба. Истражувањето покажа дека криењето тајни може да ја зголеми анксиозноста на луѓето и да има исцрпувачко влијание врз умот.

Тим на истражувачи од Универзитетот „Колумбија“ испитал 600 учесници и открил дека 96 отсто од нив во моментов имаат тајна, главно од романтична природа.

Тие ги запрашале кандидатите колку често морале да ја кријат тајната и колку често мислеле на неа. Токму мислењето на неа предизвикало најголема штета.

Ова сугерира дека нема ефект природата или содржината на тајната, туку како умот реагира на информацијата. Понатамошните анализи покажале дека лошата благосостојба немала врска со значењето на тајната, туку со повторувачката природа на чувањето на тајната, наместо да се сподели со некого.

Истражувачите прашале 186 луѓе како постојаното размислување за негативен животен настан ментално влијаело врз нив. Овој настан го знаеле сите и не бил тајна.

Иако групата со негативниот настан признала дека искуството е непријатно, групата со тајните имала полошо чувство на благосостојба и ослабена автентичност.

Истражувањето заклучува дека луѓето што размислуваат за тајните може да го продолжат истражувањето, со надеж дека можеби ќе развијат начин со кои би можеле да им помогнат на луѓето да се справат со тајните во иднина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука