X
 19.12.2017 Наука

Зошто некогаш имаме чувство дека халуцинираме пред да заспиеме?

Сигурно ви се случило толку да ве обземе денот, што пред да заспиете ви се појавуваат слики од сите настани и активности и ви го окупираат умот. Тие чудни визии се случуваат во просторот помеѓу спиењето и будењето кој е наречен хипнагогија.

Се работи за состојба која уште не е доволно истражувана, но познато е дека може да предизвика грчеви и чудни вкочанувања на делови од телото. Технички е позната како променета состојба на свесност и се споредува со искуството при употреба на ЛСД. За повеќето луѓе, оваа состојба трае околу 10 минути, па можно е да се искусат низа халуцинации преку слики и чувства. Често се добива чувство на лебдење или на летање.

Една теорија тврди дека различни делови од мозокот заспиваат на различни етапи, па додека еден дел од мозокот заспива, други делови што се одговорни за движењето или меморијата уште се борат да се исклучат, па како резултат на тоа се појавуваат визии, односно халуцинации.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука