X
 20.10.2025 Живот

Ова се бесплатни атракции во Париз што вреди да се посетат

Кога помислуваме на патување, Париз прв ни паѓа на памет. Но, покрај туристичките места како Лувр, Ајфеловата кула и Нотр Дам, вистинскиот шарм на Париз лежи во неговите скриени, помалку познати агли. Ова се локациите што ќе ви го привлечат вниманието, а добрата вест е што се бесплатни.

„Пети Палe“

Сместен во срцето на Париз, „Пети Пале“ (Мал дворец) не е само историско, туку и архитектонско ремек-дело, и е вистинско богатство скриено во срцето на Париз.

Иако надворешноста на оваа зграда може да личи на приватен клуб, нејзината внатрешност крие извонредна колекција на уметнички дела од различни епохи. Влезот е бесплатен, што е голема предност за љубителите на уметноста и историјата. Преку изложби што опфаќаат сликарство, скулптура и декоративна уметност, посетителите можат да уживаат во дела од 19 век до модерни уметнички движења.


Зад својата прекрасна фасада, ова место крие шармантно кафуле опкружено со полукружна егзотична градина. Имајте го ова на ум следниот пат кога ќе го посетите Париз - тоа е совршено место за релаксација пред или по изложба или едноставно да застанете додека шетате по Шанзелизе.

„Музеј Карнавале“

На ова место можете да ги видите уметничките дела и изложбите бесплатно.


Сместен во срцето на историскиот кварт Маре во две приватни вили, Музејот Карнавале е најстариот музеј во градот Париз и еден од најголемите во Франција, со колекција од речиси 625.000 дела. А кога ќе завршите со посетата, можете да направите пауза во дворот на музејот со шолја од вашиот омилен пијалак во кафулето.


Национален архивски музеј

Сместен во населбата Маре, во прекрасните „Отел де Субиз“ и „Отел де Роан“, Националниот архив е дом на записи од француската историја што датираат од меровиншкиот период до 1958 година. Избор од овие извонредни записи е изложен во постојаниот дел на музејот и се менува на секои четири месеци, за да се заштитат скапоцените документи од оштетување. Откако ќе прошетате низ величествениот ентериер, прошетајте низ градините за да ги истражите природната и архитектонската убавина на ова уникатно место.

@mia.in.france One of my faves and free for everyone ! 📍national archives museum #france #miainfrance #paris ♬ congratulations by mac miller - Hannah

Извор: journal.hr

Фото: Instagram screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот