X
 20.11.2019 Живот

Депресивен човек удомил маче и со илустрации покажал како му помогнало

Домашните миленици можеби се обврска, но во таа низа одговорности кон нив се унапредуваме и самите ние - се будиме порано, се ослободуваме од себичноста, учиме што е безусловна љубов... Така и уметникот Јаш Пандит ги илустрирал начините на кои неговиот мачор му помага во борбата против депресијата.

Индискиот уметник веднаш почувствувал поврзаност, смирена енергија и љубов кон мачорот Багира. Го удомил и му дал име по пантерот од цртаниот филм „Книга за џунглата“. Чувствата и сите можни симпатични ситуации ги пренел во духовити илустрации.

- Мојот мачор ми помага во борбата против депресијата - наведува уметникот.


Потоа тој, заедно со илустрациите раскажува дека поради мачорот вежба затоа што трча по него.

- Багира ја извидува куќата како да е нова планета - пишува уметникот.





Јаш опишува и како мачето сака да си игра со сè и дека е убаво да се има некој што со нетрпение ќе ве чека да се вратите дома.

- Тој не разбира англиски, па не можам да му речам: „Еј, денес не ми се станува од кревет. Ќе ме сфатиш ли?“ Морам да го нахранам, да го искапам, да го исчистам изметот. Mорам да се грижам за него - наведува Јаш.



Мачорот не сака валкани алишта, па уметникот мора секој ден да си ги пере.

- И додека го хранам него, се хранам себеси - наведува Јаш и додава дека мачорот внимателно го слуша додека тој беснее и веќе мисли дека го разбира.





Секако, покрај сите убави моменти што му ги приредува Багира, Јаш редовно оди и кај психотерапевт и психијатар, со оглед на тоа дека му биле дијагностицирани биполарно нарушување, депресија и анксиозност. Како што вели тој, многу е важно да се побара соодветна помош кога станува збор за менталното здравје.




- Многу луѓе погрешно толкуваат дека мачорот е причината поради која се излекував од депресија, што не е точно. Морав да работам напорно, да одам на терапија, редовно да земам лекови. Од друга страна, мачорот ми помогна да станам од кревет, да имам рутина за вежбање, здраво да се хранам итн. - вели Јаш.

Фото: Instagram (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот