X
 20.12.2021 Живот

Како да ја надминете празничната депресија?

Многу луѓе се депресивни и осамени за време на новогодишните и божиќните празници.

Празничната депресија е една од реактивните депресивни состојби. Токму празниците стануваат поттик за депресија и лошо расположение.

Најчести причини за депресивно расположение за време на празниците се: чувство на осаменост, сеќавање на празниците во минатото во кои се случило нешто лошо, носталгија ако личноста не е таму каде што би сакала да биде, неможност да го организира празникот онака како што ѝ одговара, како и поминување на одморот во средина во која не сака да биде.

Кому најтешко му паѓаат празниците?

Празниците се најтешки за оние што меѓу изгубиле сакана личност или за личност која се развела. Ако на крајот останат сосема сами меѓу четири ѕида - преовладуваат тагата и безнадежноста, насочувајќи ги на прашањето за смислата и содржината на нивните животи, што само го засилува самосожалувањето, често предизвикувајќи помисла за самоубиство.

Посебно искуство на осаменост и страдање постои не само кога се во прашање овие, туку и сите други празници кога обично се собира семејството. Треба да помине барем една година за да ги поминеме тие исти, понекогаш различно дизајнирани празници, да научиме да се справиме по разделба, загуба или промени.

Совети

Празничната депресија е честа појава кај луѓето што живеат во странство. Во текот на годината животот функционира добро, но кога ќе дојдат празниците, се активираат чувствата на носталгија, тага и желбата да бидат таму каде што им се блиските луѓе, семејството и пријателите. Кога не можат да се вратат дома, може да бидат депресивни.

За да ја надминете празничната депресија, треба да ги сведете вашите очекувања на реално ниво во текот на овие денови. Не обидувајте се да го промените она врз кое не можете да влијаете.

Извор: 24sedam.rs
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот