X
 20.11.2022 Живот

Што би направиле во вашите дваесетти години за да избегнете каење во триесеттите?

Ако некогаш сте се запрашале што би направиле поинаку доколку ви се даде втора шанса, не сте сами. На социјалните мрежи имаше дискусија за советите на 30-годишниците кои можат да им го олеснат животот на оние во дваесеттите.

Сѐ започна кога еден редит-корисник постави едноставно прашање: Што би направиле во вашите дваесетти години за да избегнете каење во триесеттите?

Од совети за брак, до совети за кариера и здравје, ова се некои од најинтересните одговори.

- Патувајте. Парите не се ограничување. Времето е. Можеби ќе имате помалку можности како што стареете. Може да се појават семејни, работни или здравствени причини. Направете го тоа сега.

- Внимавајте во изборот на пријателите и партнерите.

- Запомнете дека промената е опција. Многу луѓе, вклучително и јас, одат по еден пат и мислат: „Бидејќи сум посветен на тој пат, тоа е единствениот пат за мене“. Немојте да заглавите во тој процес ако изборот не ви изгледа правилен, знајте дека можете да изберете нов. Можеби на почетокот ќе ви биде непријатно, но можете да успеете.

- Не мешајте се во туѓите работи. Можете да не се согласувате со секој избор што некој ќе го направи. Оставете ги да прават што сакаат, исто како што би очекувале никој да не се меша во вашиот живот и во одлуките што ги носите.

- Ако сакате да стапите во брак, стапете во брак со некој со кого делите заедничка животна филозофија, имате заеднички вредности и цели за иднината. Не треба да се омажите со некој само затоа што задникот му изгледа добро во фармерки.

- Не е важно колку е убав човек - не трпете ничиј безобразлук и почитувај се себеси. Не поминувајте време во токсични врски, дури и ако има неверојатна физичка привлечност. Исто така, не е ваша одговорност да ги спасувате другите. Можете да им помогнете да се спасат себеси, но не бидете несреќни само за да направите некого среќен.

raboti
Фото: Unsplash

- Не вложувајте го целото ваше време и напор во вашата кариера. Кариерата е важна бидејќи ви дава средства за преживување, но тоа не е она на што треба да се посветите. Последните седум години од мојот живот ги поминав фокусирајќи се само на мојата работа. Посакувам да можам да го вратам времето и да се фокусирам на тоа да го живеам мојот живот и да го пронајдам она што ми носи мир. Сега го правам тоа и не сум бил посреќен.

- Развијте здрави навики до кои можете да се придржувате.

- Не мора да пиете алкохол за да се забавувате.

- Држете се што е можно повеќе подалеку од социјалните мрежи.

- Ако можете, обидете се да бидете активни или редовно да вежбате. Ова може да значи одење на прошетки, пливање, одење во сала... Колку сте постари, толку е потешко да се започне ваква активност.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот