Веројатно уште додека си бил втора година на факултет си сфатил дека не треба ништо претерано да очекуваш од таа високообразовна институција.
Можеби си се бодреше самиот себеси дека се` ќе биде во ред кога засекогаш ќе ставиш крај на студентскиот живот и кога ќе започнеш да го освојуваш реалниот свет. Кога тој ден конечно ќе дојде, кога ќе го положиш испитот и ќе ја одбраниш дипломската, тоа ќе трае само еден единствен ден.
Можни се следните опции.
1. Неколку недели откако стана академски граѓани, можно е да се јави компанијата во која доставив CV и отсекогаш си сакале да работиш и да ти понуди интервју за работа. Може и да ти ја понуди работата и одлична плата со која ќе можеш сам да се издржуваш. Токму тебе те чека.
2. Заврши факултет после 6 и пол до 8 години. Семејството конечно се смири, а твојот вујко ти вети дека наскоро ќе започнеш да работиш во трафиката на неговиот комшија. Сето тоа ти е досадно и некако нереално.
3. Месец дена после дипломирањето, се`уште си во еуфорично расположение. Наскоро доаѓа бран на разочарување кој целосно ќе ти донесе нов филм. Пушти CV кај 10 компании и никој не те повика ниту на разговор. Групата од факултет се разотиде, а тебе ти станува досадно. После неколку недели сфаќаш дека влегувањето во реалниот свет и не е баш толку возбудливо и исполнето како што си мислеше.
Што друго ќе ти се случи?
Враќање кај родителите
Можеби си студирал во друг град, можеби не. Она што ќе се случи, е враќање во твојот роден град, во твојата соба која во меѓувреме твоите родители ја претворија во складилиште.
Ќе се мразиш себеси поради факултетот на којшто се запиша
Колку и да си бил среќен што се запиша, гласот во тебе постојано ти вели дека згреши. После месец дена ќе се откажеш од барањето работа бидејќи изборот е толкав што можеш еднаш или два пати неделно да гледаш случајно да не има нешто ново.
Најголемите морони пронаоѓаат работа
Кога ќе ги сретнеш најголемите морони од факултет, тие веќе ќе имаат пронајдено работа. Низ разговор ќе дознаеш дека работата е супер, не земаат „голема“ плата и им е доста напорно - а ти позеленуваш од љубомора.
Друштво
Повеќе не е исто. Просто и едноставно, ќе се оддалечите. Нема повеќе факултет и нема повеќе предавања кои порано беа изговор за да пиете 108 кафиња во денот. Еден дел од луѓето ќе заминат надвор од градот, некои надвор од земјата, трети ќе се вработат, мажат/женат, такашто повеќе нема да имаат време за кафиња.
Ќе се обидеш да избегаш во странство
Ќе се обидеш и да најдеш некоја пристојна работа, ако може по струката. Ќе се распрашуваш и ќе бараш комбинација и ќе сфатиш дека и не е баш лесно. Има многу слични како тебе кои бараат исто. Ќе сфатиш дека немаш друг избор, и ќе започнеш да штедиш за да избегаш во странство.
Ќе сакаш да се запишеш на магистерски
Среќно со тоа. Не е тешко да се запишиш, меѓутоа бесцелно е. Една година ќе се чувствуваш за една скала покорисно, меѓутоа друго ништо. Залудно трошење на парите на твоите родители.
Ќе работиш се` и сешто
Ако твоите родители се пристојни луѓе од работничка класа кои цел живот работеле за ти да се запишеш на факултет, да одиш на ексурзија и сите други работи, тогаш и ти ќе започнеш да работиш се` и сешто.
Ќе заборавиш како ти изгледа ракописот
Ќе се потпишуваш ретко, а самиот сигурно нема да седнеш и да пишуваш колку животот ти е досаден.
Се` си доаѓа на своето
Еден ден ќе го добиеш тој долго очекуван меил и ќе те викнат на разговор на работа. После тоа ќе заѕвони телефонот и ќе ти кажат дека те примија. Од понеделник официјално започнуваш на работа. Немој да се чудиш ако надредениот е помлад од тебе. Насмевни се и биди среќен/на.
И на крај, ќе ја раскинеш врската со факултетот
Порано или подоцна врската со факултетот ќе биде раскината. Ќе се сконцентрираш на животот, работата, венчавки, кршетвки... Што и да си преживеал/а од тоа дипломирање, ќе сакаш уште едно парче живот без одговорности за било кој друг освен за самиот себеси.