X
 09.06.2022 Наука

За 4 милијарди години галаксиите Млечен Пат и Андромеда ќе се судрат

Кога ќе погледнеме во ноќното небо, сè изгледа смирено. Но изгледот може да лаже. Иако можеби не го чувствуваме тоа, нашата галаксија Млечен Пат се движи низ универзумот со неверојатни 2 милиона километри на час. И во иднина ќе е судри со својот сосед - галаксијата Андромеда. Иако овие спирални галаксии се оддалечени 2,5 милиона светлосни години, тоа нема секогаш да биде случај.

Галаксијата Андромеда, која е далеку поголема од Млечниот Пат, се движи кон нас со брзина од 109 километри во секунда. И иако тоа може да изгледа брзо, со оглед на растојанието помеѓу овие галаксии, сепак ќе бидат потребни 4 милијарди години за да се судрат. На крајот, за околу 6 милијарди години, тие ќе се трансформираат во една џиновска сферична галаксија. Оваа нова галаксија, која понекогаш се нарекува Милкомеда или Милкдромеда, ќе го види и спојувањето на супермасивните црни дупки кои живеат во центрите на Млечниот Пат и Андромеда.

млечен пат
Фото: NASA

Иако помислата за таков голем судир звучи страшно, научниците истакнуваат дека поради растојанието помеѓу ѕвездите, малку е веројатно дека поединечни ѕвезди ќе се судрат. Кога станува збор за нашиот Сончев Систем, истражувачите процениле дека најверојатно ќе биде однесен до периферијата на новата галаксија, иако ова е исто така мала шанса да биде исфрлен целосно од Милкомеда. Во секој случај, малку е веројатно дека луѓето ќе бидат тука за да го видат ова спектакуларно светлосно шоу бидејќи во тој момент Сонцето ќе се загрее толку многу, што ќе го прекине животот на Земјата.


Она што е неверојатно за судирот Андромеда-Млечниот Пат е тоа што знаеме за него веќе стотици години. На почетокот од 20 век астрономот Весто Слифер предвидел дека галаксијата Андромеда е насочена директно кон Млечниот Пат. Оттогаш многу астрономи создале симулации за да видат дали овие галаксии ќе се судрат или едноставно ќе поминат една покрај друга. Во 2012 година податоците од телескопот „Хабл“ потврдија дека дефинитивно ќе има судир.

Важно е да се запамети дека овие типови судири се сосема нормални и очекувани. Всушност, Млечниот Пат веќе бил вклучен во голем судир пред околу 10 милијарди години и поголемите галаксии често апсорбираат помали галаксии во својата орбита. Иако можеби нема да го видиме формирањето на Милкомеда, неверојатно е да се погледнат симулациите и да се знае дека ја користиме науката за да ја предвидиме иднината.



Извор: Mymodernmet.com
Насловна фотографија: NASA, ESA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука