X
 25.06.2016 Наука

Мистериозен звук во океанот може да биде измерен од вселената

Понекогаш забораваме на овој факт, но човекот не знае многу работи и светот е полн со чуда. Некои од најголемите мистерии кои може да ги откриеме доаѓаат од океаните на Земјата.


Научниците од Универзитетот во Ливерпул во Велика Британија откриле чуден звук од Карипското море (дел од Атлантскиот океан). Звукот кој потсетувал на човечко свирење е неверојатен бидејќи е премногу низок за да се слушне со човечките уши, а може да се забележи дури и од вселената.

Научниците го откриле звукот додека ги набљудувале регионалните нивоа на морето и промените во притисокот, фокусирајќи се на Карипското море.

Иако нивното истражување било поврзано со климатските промени, научниците бргу сфатиле дека се случува нешто необично. Тие забележaле осцилации во притисокот кои биле невообичаени. Тие сфатиле дека осцилациите правеле звук. Може да го слушнете во следното видео.



Ефектот на овој звук е толку моќен што може да се измери од вселената со набљудување на осцилациите во гравитациското поле на Земјата.

Научниците мислат дека овој звук можеби влијае на текот на карипската струја или целиот океан.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука