X
 06.11.2018 Култура

Филмови што треба да ги погледнете во претстојниов период

Во сезона кога кината се преплавени со филмови како „Aquaman”, „Dr. Seuss’s The Grinch“, „Ralph Breaks the Internet” и „Mary Poppins Returns“, оваа година е препознатлива по начинот на кој културните војни го нападнаа екранот.

Се чини дека од неодамна секој филм што ќе излезе е со политичка тематика, особено во овој период од годината кога излегуваат филмови што се борат за вниманието на „Оскарите“. Затоа, погледнете ги овие филмови што изобилуваат со војни, расни разлики, политика и сексуалност не со празна реторика, туку со длабока емотивност дури и во текот на забавните моменти.

„Boy Erased“

 
Актерска екипа: Лукас Хеџес, Никол Кидман, Расел Кроу, Џоел Едгертон, Трој Сиван

Базиран на мемоарите на Гарард Конлеј, чии родители го испратиле во програма за хомосексуалци, практика што се обидува да ја промени сексуалната ориентација на една личност.

„А Private War“


Актерска екипа:
Розамунд Пајк, Џејми Дорнан, Том Холандер, Стенли Тучи

Воениот кореспондент Мари Колвин била една од ретките жени што покривале настани од воените зони за „Сандеј тајмс“ од Лондон. Филмот ги прикажува психолошките и емоционалните моменти што ѝ ги носи работата на Колвин и нејзината зависност од опасностите и ризичните ситуации.

„The Front Runner“


Актерска екипа:
Хју Џекман, Вера Фармига, Џ.К.Симонс, Сара Пакстон, Алфред Молина

Дејството се случува во пролетта 1987 година, во текот на три недели во кои претседателската кампања на сенаторот Гери Харт имплодирала поради наводите за неверство.

„Widows“


Актерска екипа: Вајола Дејвис, Елизабет Дебики, Мишел Родригез, Колин Фарел, Роберт Дувал, Лиам Нисон.

Кога тројца криминалци се убиени, нивните очајни вдовици се оставени со долг. Затоа, тие одлучуваат да организираат кражба.

„Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald“


Актерска екипа: Еди Редмејн, Кетрин Ватерсон, Дан Флогер, Џуд Ло, Џони Деп

Зад десеттото продолжение на кинематографската сага се крие голема контроверзија, а е поврзана со самиот Џони Деп, кој беше обвинет за злоупотреба на неговата поранешна сопруга.

„Green Book“


Актерска екипа: Махершала Али, Виго Мортенсен, Линда Карделини

Вистинска приказна за едно необично пријателство помеѓу класичен пијанист кој е црнец и неговиот италијанско-американски шофер.

„If Beale Street Could Talk“

 
Актерска екипа: Стивен Џејмс, Кики Лејн, Реџина Кинг, Брајан Тајре Хенри, Фин Витрок

Оскаровецот Бери Џенкинс успешно го адаптира романот на Џејмс Болдвин од 1974 година за млад маж во Њујорк кој е лажно обвинет за силување.

„Mary Queen of Scots“


Актерска екипа: Маргот Роби, Саоирсе Ронан, Дејвид Тенант

Маргот Роби и Саоирсе Ронан се дел од актерската екипа за ривалските монарси - првите братучеди, Марија - кралица на Шкотите и кралицата Елизабета I од Англија, која ја сметала Марија за закана.

„Welcome to Marwen“

 
Актерска екипа: Стив Карел, Лесли Мен, Гвендолин Кристи, Џанел Монае, Еиза Гонзалез, Даен Кругер

Базиран на популарниот документарец „Marwencol“, филмската ѕвезда Стив Карел го глуми Марк Хоганкамп, уметник кој создал минијатурен свет преполн со кукли како ликови од Втората светска војна во обид психолошки да закрепне од траумата што ја доживеал кога бил претепан од група мажи.

„Vice“


Актерска екипа: Кристијан Бејл, Ејми Адамс, Сем Роквел, Стив Карел

Кристијан Бејл си ја избричил главата, ги обелил веѓите и ставил некој килограм плус за совршено да го отслика Ричард Б.Ченеј во филмот на Адам Мекеј. Филмот е базиран на вистинска приказна за Мекеј и неговата улога во моќта на администрацијата на Џорџ В.Буш. 

„On the Basis of Sex“


Актерска екипа:
Фелисити Џонс, Арми Хамер, Кејти Бејтс, Сем Ватерсон, Џастин Теру

Вистинска приказна за Рут Бадер Гинзбург, која како адвокатка застапувала повеќе од 300 случаи на дискриминација врз основа на пол, вклучувајќи шест пред Врховниот суд.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура