X
 21.01.2024 Живот

Мечтаењето може да има позитивни ефекти врз мозокот

Мечтаењето може да биде потенцијално когнитивно средство, а не само начин за одвлекување на вниманието.

Научници од Универзитетот „Харвард“ откриле докази кои упатуваат на тоа дека мечтаењето може да доведе до корисно обновување на врските во мозокот, особено кога станува збор за помнењето и учењето. Овие заклучоци се донесени врз основа на експерименти на 13 глувци кои биле изложени на слики што се повторувале.

Откако сликите биле заменети со празна заднина, визуелниот кортекс повремено активирал слични невронски обрасци како и тогаш кога глувците гледале во сликите. Тоа укажува на активно кодирање на визуелните информации при недостиг на стимул.

Студијата посочува дека нестимулираната сонлива состојба кај глувците може да ги имитира ефектите на спиењето врз подобрувањето на помнењето и учењето.

Сепак, истражувањето не покажува дали истиот ефект се забележува и кај луѓето. Претходни истражувања покажуваат дека потсетувањето на менталните слики ја зголемува активноста на мозокот во визуелниот кортекс и хипокампусот, што укажува на потенцијални паралели.

Иако мечтаењето може да понуди когнитивни придобивки, прекумерното или нефокусираното мечтаење може да има негативни последици, да влијае врз вниманието и краткорочната меморија, посочуваат експертите.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот