X
 21.04.2022 Живот

Владата го обвини СОНК дека е одговорен за штетата од штрајкот

Одлуката да се продолжи со генералниот штрајк, а децата да губат настава пред самиот крај на учебната година и да не се згрижуваат во градинките прави ненадоместлива штета на сите нас и на државата. Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ја надомести, а одговорен за оваа непоправлива загуба е Синдикатот, и тоа никој не може да го оспори, се вели во денешното соопштение од Владата.

Ги повикуваме наставниците, воспитувачите и негувателите да го стават интересот на децата пред своите лични интереси, враќајќи ги наставата и прифаќањето и згрижувањето на децата во училиштата и градинките.

Во соопштението се вели дека со одлуката на СОНК за организирање генерален штрајк пред истекот на шестмесечниот рок за усогласување на минималната плата, а за кој причината е унапредување, а не кршење на работничките права, се прави груба манипулација и се ставаат во заблуда штрајкувачите.

Согласно Законот за работни односи и Колективните договори за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, доколку се организира штрајк во периодот на усогласување на минималната плата, тој се смета дека се однесува на унапредување на правата на вработените што штрајкуваат. Поради тоа, законското решение и решението согласно Колективниот договор определуваат исплата само на придонесите на платите.

Владата ги повика Синдикатот, наставниците, воспитувачите и негувателите да имаат верба во институциите бидејќи зголемување на платите и во образование и детска заштита ќе има, како што имаше и во изминатите 5 години. Сега е понудено зголемување за 10 %, кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот, се вели во соопштението и се повикува да се прекине штрајкот во образованието, кој трае десетина дена.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот