Пријатели се прашувале меѓусебно како би ги рангирале земјите од поранешна СФРЈ, а резултатите покажале дека делумно се согласуваат со мислењето на „Чет-ГПТ“.
Во најновата епизода од нивниот поткаст, белградското дуо „Баци5“ отворило интересно прашање - која е најубавата земја од поранешна Југославија? Иако знаеле дека таквото прашање ќе предизвика многу реакции, решиле да се консултираат со „Чет-ГПТ“ за да добијат дополнителна перспектива.
Според одговорот на вештачката интелигенција, Хрватска била на врвот на листата, по неа следувале Црна Гора, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, додека Македонија се нашла на последното место.
Овој одговор предизвикал вистински бран на коментари и полемики меѓу слушателите и следбениците. Многумина се согласиле дека гореспоменатите земји имаат прекрасни пејзажи, но истакнале дека е многу тешко објективно да се рангираат природните убавини.
- Охридското Езеро, Хвар, Брач, Бока Которска, реката Уна – сите овие се уникатни убавини кои заслужуваат посебно признание - напишале корисниците на социјалните мрежи, нагласувајќи дека убавината на секое од овие места може да се доживее на сосема различни начини.
Извор: 6yka.com
Фото: Freepik