X
 14.08.2017 Технологија

Илон Маск: „Вештачката интелигенција е поопасна од Северна Кореја“

маск
Фото: Flickr

Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, „СпејсЕкс“ на неговиот „Твитер“ профил предупреди дека вештачката интелигенција е поопасна од Северна Кореја.

За голем број луѓе низ светот, Северна Кореја е вистински кошмар особено после заострените односи меѓу Трамп и оваа земја.

Во неговиот твит, Маск вели дека светот треба повеќе да биде загрижен за вештачката интелигенција отколку за нуклеарна војна.

Иако се чини како лоша шега, Маск е доста сериозен. После овој твит, Илон продолжува со уште неколку твитови за контролата, велејќи дека вештачката интелигенција треба да биде контролирана.

Секако, корисниците не го сфатија сериозно, па започнаа со споредбите од „Игра на троновите“.
Не сите се согласуваат со неговиот твит. Неколку твитови велат дека е сосема неодговорно од страна на Илон да споредува моментална нуклеарна криза со идна веројатна криза.

За некои луѓе е иронично што Илон Маск е загрижен за вештачката интелигенција, а истовремено тој е еден од најголемите девелопери и поддржувачи на паметната технологија. Корисниците велат дека чудно е што Маск се плаши од вештачката интелигенција, а истовремено сака да го поврзе мозокот на сите луѓе со технологијата преку невронска мрежа.

Најдобриот одговор кон твитот на Маск е оној на Реза Задех, професор на Стенфорд и извршен директор на компанијата „Матроид“. „Самата вештачка интелигенција не е опасност за луѓето во блиска иднина. Вештачката интелигенција во комбинација со оружје, да. Затоа контролирајте го оружјето, не вештачката интелигенција“.
На тоа Маск одговори:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија