X
 21.06.2025 Живот

Совршена глетка: Ова место се нарекува Европскиот Голем Кањон, а еве зошто

Ако некогаш сте сонувале да избегате во недопрена природа, место каде што погледот од карпите ве остава без зборови, а звукот на реката ви го смирува срцето - посетете го кањонот Вердон. Сместен во Југоисточна Франција, на само два часа возење од сините брегови на француската ривиера, Вердон е едно од оние места што нема да ги заборавите. Често се нарекува Големиот Кањон на Европа  - и со право.

Ова природно чудо е долго околу 25 километри и длабоко до 700 метри во некои делови, што го прави најголемиот кањон во Европа. Но, она што навистина плени е реката Вердон со кристално чиста, тиркизна вода која создава сцена како од разгледница. Извира од Француските Алпи, а бојата на нејзината вода е навистина нереална.


Кањон Вердон


Вердон е дел од регионалниот природен парк Вердон, област во која се среќаваат суровата моќ на природата и тишината на животот во шармантните села. Ако очекувате да влезете во урбана средина, ќе бидете уште поизненадени од присуството на мали села кои како да ја штитат интимноста на нивните панорами. Туристи од целиот свет се собираат тука за да доживеат сè што нуди кањонот - од кајакарење, планинарење, искачување по стрмни карпи до релаксирачки прошетки покрај реката. Љубителите на адреналин ќе го најдат рајот тука - има повеќе од 1.500 патеки за искачување со различна тежина.


Воодушевувачки погледи


За оние што ќе одлучат да го истражат кањонот со автомобил, достапни се две патеки, едната на левиот брег, другата на десната страна. И двете овозможуваат пристап до многу места што мора да се посетат: Поинт Сублим, Рут де Крет, Балконс де ла Мескла… и нудат спектакуларни погледи. 

Иако сега прима повеќе од милион посетители годишно, Вердон сè уште го задржува духот на дивината. Тоа е место кое ве потсетува колку е моќна, величествена и кревка природата. Ако барате дестинација што ве поврзува со природата и со себе, ова треба да биде вашата следна станица.


Совети

Најдобро време за посета? Лето (јуни-август) за посебно патување со брод, совршено за истражување на реката Вердон.


Ако сакате да ги избегнете метежите, одете во мај или септември, но можеби нема да има можност за изнајмување бродови.

Најдобро место за фотографирање? Понт ду Галетас за панорамски поглед на кањонот и бродовите.

Извор: journal.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот