X
 21.09.2025 Живот

Кому најчесто му се заблагодаруваат актерите на доделувањето на „Оскарите“?

Се смета дека водењето на церемонијата на „Оскар“ е најнеблагодарна работа во Холивуд, но кој навистина добива најмногу заблагодарувања на доделувањето? 

Излезе дека тоа е Стивен Спилберг, но и Харви Вајнштајн, Џорџ Лукас, Френсис Форд Копола, Џефри Каценберг, Питер Џексон, Шила Невинс и Мартин Скорсезе.

Индустрискиот аналитичар Питер Фолуз одлучил да провери дали холивудскиот мит дека некогашниот крал на филмската индустрија - Харви Вајнштајн добивал повеќе заблагодарувања отколку Бог на сцената на „Оскарите“. Фолуз анализирал 1.884 говори на добитници на „Оскар“ и открил дека Бог бил споменат во 4,3 отсто од случаите, додека Харви само во 1,5 отсто.

- Но, постои некој кому всушност му заблагодарувале почесто отколку на Бог. Единствената личност освен Спилберг за која може да се рече дека е „поголема од Бог“ е Питер Џексон, кој го постигна тоа во првата деценија на 21 век со 9,0 отсто заблагодарувања во споредба со 7,0 отсто за Бог - заклучува Фолуз.

Во сите други децении, сепак, најмногу заблагодарувања му се упатени на Бог.

На листата е и една жена

На листата се најде и една жена - Шила Невинс, поранешна шефица на „Ејч-би-о докјументари филмс“.

- Бев многу изненадена кога го видов ова. Прекрасно е кога луѓето излегуваат на сцена и одлучуваат да ми се заблагодарат и велат: „Фала ти.“ Прекрасно е да добиете признание во форма на заблагодарување, а навистина боли кога нема да се добие. Ми се заблагодарувале за работи што не ги заслужив, а не ми се заблагодариле за работи во кои вложив крв, пот и солзи - вели Шила Невинс.

Извор: bizlife.rs
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот