X
 25.04.2019 Наука

Надеж за лицата што го изгубиле говорот

Луѓето што ја изгубиле способноста за говор поради мозочен удар или некоја друга медицинска причина наскоро ќе можат повторно да зборуваат благодарение на технологијата.

Се работи за метода која ја користи активноста на мозокот за да произведе синтетизиран говор, соопштија истражувачи од Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско.

На доброволци им биле вградени електроди во мозокот кои успеале да ги дешифрираат сигналите во центрите за говор. Потоа следува компјутерски симулирана верзија на вокалниот тракт – усни, вилица, јазик и грло, односно генерирање говор преку синтисајзер.

- Бевме во шок кога првпат ги чувме резултатите. Неверојатно е како повеќето аспекти на вистинскиот говор ги имаше во она што го произведе синтисајзерот - изјави Џош Чартиер, еден од истражувачите.

Сепак, синтетичкиот говор бил прилично нејасен, но научниците веруваат дека се можни подобрувања.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука