Понекогаш во животот фрустрацијата преовладува кај нас, па единственото што ни преостанува е да користиме пцости. Сега, истражувања покажуваат дека жените што користат пцости имаат поголем коефициент на интелигенција.
Истражувачите од Универзитетот во Рочестер се обиделе да најдат корелации помеѓу однесувањето и типот на личноста. Тие прашале 1.000 луѓе за околу 400 секојдневни навики, од пеење под туш до пцуење, и откриле дека луѓето што пцујат имаат поголем коефициент на интелигенција.
Истражувањето е објавено во списанието „Персоналити енд индивидуал диференсес“ и покажува дека интелигентните луѓе почесто јадат зачинета храна за појадок и понекогаш се движат голи низ кујната. Доколку правите некоја од овие работи, можеби сте гениј!
Но, ова не е толку изненадувачко бидејќи пцуењето не само што е поврзано со интелигенција, туку и со други позитивни карактеристики, како сила, искреност и флуентност на јазикот.
Пцуењето ве прави посилни
Д-р Ричард Стивенс од Универзитетот „Кил“ спровел две истражувања за да види дали пцуењето ја зголемува силата при вежбање.
Во првиот тест, 29 учесници биле замолени да извршат кратки, интензивни анаеробни вежби на велосипед со и без пцуење. Во вториот тест, 52 учесници направиле изометриски тест за сила на раката, повторно со и без пцуење. Резултатите покажале дека луѓето произведуваат повеќе сила и имаат посилен стисок на раката по пцуење.
- Од нашите претходни истражувања знаеме дека пцуењето ја зголемува толеранцијата на болка. Можно објаснување е дека тоа го стимулира симпатичкиот нервен систем кој ја забрзува работата на срцето кога сте во опасност - вели Стивенс.
Иако не се предлага пцуењето да стане навика, тоа може да ја зголеми мотивацијата.
Со оглед на тоа дека пцуењето може да ве направи посилни во стресни ситуации, се поставува прашањето: што го предизвикува пцуењето? Во следното истражување Стивенс се обидувал да докаже дека пцуењето е предизвикано од емоции и дека стресните ситуации ги поттикнуваат луѓето да пцујат.
Емоционалната стимулација предизвикува пцуење
Стивенс продолжил со експеримент за да види дали емоционалната активација предизвикува пцуење. Тој собрал 60 студенти и ги замолил да ја играат видеоиграта „Медал оф онор“. Видеоиграта „Тајгер Вудс 2007“ била користена како контрола.
Резултатите покажале дека оние што играле „Медал оф онор“ имале повеќе емоционална возбуда и почесто пцуеле отколку оние што ја играле „Тајгер Вудс“.
Користењето на пцостите е знак на јазична флуентност
Обично, користењето пцости или вулгарен јазик се поврзува со ниска интелигенција, ниски социјални статуси и неспособност за изразување. Сепак, истражување на експерти од колеџот „Марист“ покажало врска помеѓу тоа колку некој е флуентен на англиски јазик и колку флуентно користи пцости, мерејќи колку пцости учесникот може да наброи за 1 минута.
Резултатите покажуваат дека луѓето што пцујат не се толку неспособни како што порано се мислело.
Извор:
Theheartysoul.com
Фото: Freepik