X
 21.11.2019 Живот

Суд во Шпанија ѝ забрани на авиокомпанијата „Рајанер“ да наплаќа рачен багаж

Суд во Шпанија денеска пресуди дека правилото што нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ го применува за наплаќање рачен багаж е навредливо и повеќе не треба да се применува во таа земја.

Таквото правило за наплаќање рачен багаж „Рајанер“ го воведе на крајот од минатата година.

Пресудата е донесена откако патничка поднела тужба поради правилата воведени минатата година и дека повеќето патници плаќаат дополнително за внесување поголем багаж.

Во соопштение на „Рајанер“ се наведува дека пресудата нема да влијае врз правилата на компанијата за багаж бидејќи се работи за изолиран случај во кој погрешно се толкува пазарната слобода за одредување на големината на рачниот багаж.

На прашање дали тоа значи дека ќе ја игнорираат пресудата на шпанскиот суд или ќе се жалат до Европскиот суд за правда, „Рајанер“ одби да одговори.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот