X
 21.11.2020 Живот

Откриена потенцијално најдобра стратегија за борба против пандемијата: Подели и владеј!

Експертите за јавно здравје со неверување ги гледаат хаотичните политички поделби и неконзистентните мерки што само ги поткопаа напорите за ставање под контрола на пандемијата во повеќето земји во светот.

Новото истражување на германски и британски математичари ги примени алатките на теоријата на хаос за да покаже дека конструктивните поделби можат навистина да ја стават под контрола пандемијата на многу поефикасен начин.

Истражувањето е спроведено на универзитетите во Оксфорд и Гетинген и во институтот „Макс Планк“. Научниците создадоа математички модел на пренесување на новиот коронавирус кој одговара на случајниот начин на кој се менува бројот на инфекции со текот на времето. Тие забележале дека бројот на инфекции во помалите заедници понекогаш се сведува на нула, сè додека луѓето се придржуваат до мерките за носење заштитни маски, физичко дистанцирање и други стандардни епидемиолошки мерки.

Тоа спонтано исчезнување на болеста ги натера научниците да размислат дали поголемата изолација на помалите градови или општини ќе доведе до исчезнување на коронавирусот до таа мера што животот може да се врати во нормала на подолг период, односно до евентуални нови појави на болести во поголем обем?

oblasti
Фото: Freepik

Ригорозната математичка анализа покажа дека оваа таканаречена стратегија „Подели и владеј“ (divide et impera, изрека што му се припишува на римскиот император Јулиј Цезар) би била ефективна. Барем така се покажува во теорија. Резултатите од истражувањето на научниците беа објавени во научното списание „Хаос“.

Во најновото поврзано истражување, научниците направиле симулации на податоците на ниво на општини (окрузи) од Германија, Англија, Италија и американските држави Њујорк и Флорида. За секоја од овие средини тие споредиле две сценарија.

Првото сценарио е познато за сите и повеќето земји поминаа низ него или повторно го поминуваат, а тоа подразбира строго затворање на национално ниво, што многу европски земји повторно го воведуваат.

Во второто сценарио ограничувањата на движењето се воведуваат секојпат кога нивото на инфекција се зголемува над одреден праг, но ограничувањата се применуваат од област во област, дури и во населби во поголемите градови и на тој начин што населението е всушност поделено на популации што не бројат повеќе од 200.000 луѓе.

Научниците откриле дека дури и кога се дозволени помали собири во рамките на заедниците, овој пристап кон локалната контрола на епидемијата може да го намали бројот на денови поминати под строги епидемиолошки мерки за околу 80 отсто.

Нивните модели предвидуваат дека придобивките од локалната контрола на епидемијата може да се појават по неколку месеци, но тие исто така сугерираат дека стратегијата за поделба може да спаси многу животи на долг рок.

Извор: Scientificamerican.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот