X
 21.12.2021 Живот

Со германски јазик до одлично платена работа во Скопје

Германската компанија „Телеперформанс“, која одбележува две успешни години од своето работење во Скопје, стигна до фантастична бројка од 350 вработени и голем број убави приказни. Една таква приказна е таа на триесет и шестгодишниот Даниел Турчевски, кој пред само една година ѝ се приклучи на компанијата како агент за корисничка поддршка, за потоа да биде унапреден во тренер за новите вработени. Денес, тој е супервизор на проект и ги повикува сите што го зборуваат германскиот јазик и сакаат да работат од дома или од канцеларија, да аплицираат и да му се приклучат на најдоброто место за работа во светот – Телеперформанс!

Даниел Турчевски од Скопје има 36 години и работи како супервизор во македонското претставништво на најголемата компанија за кориснички услуги во светот – „Телеперформанс“. Своите први чекори во компанијата ги прави пред околу една година кога враќајќи се од Германија, дозна за можноста за работа во „Телеперформанс“ и одлучи да аплицира. Веднаш потоа доби понуда за работа како агент за корисничка поддршка – позиција за која, како што вели тој, е потребно само познавање на германскиот јазик.

Сè што ви треба е германски јазик

- Сè што се бараше е познавање на германскиот јазик (минимум Б2), а другото се учи преку обука во компанијата која е целосно платена од првиот ден - вели Даниел сеќавајќи се на денот која ја добил работата во „Телеперформанс“.

Започнал како агент за корисничка поддршка и на таа позиција се задржал 9 месеци. Вели дека денот на еден агент за корисничка поддршка е многу динамичен и интересен бидејќи давате сè од себе за да им помогнете на клиентите да ги решат техничките проблеми, а во исто време ви е мило што сте им помогнале и сте го решиле нивниот проблем. Работата не е воопшто монотона бидејќи секој ден се соочувате со нови предизвици кои се решаваат на брз и едноставен начин благодарение на квалитетната обука низ која поминува секој од агентите.



Целосно платена обука од прв ден

- Пред да почнам да примам повици од клиенти, имав интензивна обука со нашите тренери во „Телеперформанс“, која траеше четири недели. За тоа време имав можност да поставам какви било прашања, а можев да сметам на нивната поддршка и помош во секое време - вели Даниел.

По 9 месеци тој е унапреден на позицијата тренер, а неговата задача е да им нуди максимална поддршка на агентите во текот на четирите недели од нивниот интензивен тренинг. Тоа значи дека додека трае тренингот, целото тоа време тренерот е заедно со агентот, заедно ги слушаат разговорите и им дава предлози на агентите како подобро да одговорат и да ги решат проблемите на клиентите.

Најдобри услови за работа

Во јуни 2021 година „Телеперформанс“ го доби и престижниот меѓународен сертификат Great Place To Work® што, пак, е доказ за одличните услови за работа што компанијата им ги нуди на вработените. Тоа го потврдува и статистиката, која покажа дека дури 94% од вработените ја сметаат компанијата за одличен работодавец, додека 98% од вработените би им ја препорачале на своите пријатели и роднини како одлично место за работа. Покрај тоа, „Телеперформанс“ е препознатлива по најатрактивната плата на пазарот, германските стандарди за работа и најмодерните канцеларии лоцирани во срцето на Скопје.

- Искрено мислам дека Great Place To Work® е нешто што целосно го заслуживме. Во секое време сме тука за нашите колеги и ние сме едно големо TP-семејство. Секој вработен има сè што му е потребно, а нашите колеги од секторот за човечки ресурси се секогаш тука да одговорат на сите наши желби - ни откри Даниел.



Можност за работа од дома

„Телеперформанс“ е компанија која нуди и можност за работа од дома, што значи дека одлично платените работни места се отворени и за кандидатите надвор од Скопје – сè што се бара е познавање на германски јазик.

- Во моментов, поради пандемијата, дури 80% од колегите работат од дома затоа што сакаме да останеме здрави и безбедни. На секој агент што сака да работи од дома му обезбедуваме целосна опрема и максимална поддршка преку нашите алатки за помош на агентите - вели Даниел.

Напредување на менаџерски позиции

Од 1 септември Даниел е унапреден во супервизор на проект и тоа ја покажува јасната определба на „Телеперформанс“ идните менаџери да ги гради од своите редови. Како супервизор, Даниел има повеќе административни обврски, дневни состаноци, коучинг со агентите и поголема одговорност за секој агент што работи на неговиот проект.

Сакате да станете дел од тимот на „Телеперформанс“?

Даниел вели дека во „Телеперформанс“ секогаш има место за нови луѓе бидејќи компанијата има цел да расте уште повеќе.

- На сите што зборуваат германски јазик им ја препорачувам „Телеперформанс“ како најдобро место за работа во светот. Ние сме едно големо семејство и сакаме секој нов вработен да биде среќен, задоволен и да се чувствува како да е дел од тоа семејство. Доколку сте заинтересирани, ве охрабрувам да аплицирате на TPSkopje.com и нашите колеги ќе ве контактираат веднаш - порачува Даниел.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот