X
 22.01.2025 Живот

Македонија наплаќала највисок данок на музички шунд во поранешна Југославија

„Југопапир“: Како функционирала познатата комисија за оданочување плочи во Југославија?

9.000 примероци од новиот албум на Дадо Топиќ - „Неоседлани“ повеќе од еден месец лежат во магацинот на белградската фабрика за плочи „ПГП РТБ“. Плоча која до публиката стигна преку радио и телевизија, а која веќе беше пофалена од музичките критичари, но, за жал, никој од дискографските продавници не може да ја купи бидејќи се чека одлуката на познатата комисија за оданочување плочи, која треба да ја изрече својата пресуда дали плочата е шунд или можеби нешто трето.

Помина еден месец, а комисијата и понатаму го нема кажано своето мислење, што во случајот на албумот „Неоседлани“ директно ги погодува и авторот на плочата и нејзините произведувачи, работниците од „ПГП РТБ“. Беа потребни неколку месеци за да се подготви оваа долгоочекувана плоча, еден месец да се снима во студио (што чинеше околу 45 милиони стари динари), многу пот за да се испечати првото издание од 9.000 примероци (што чинеше милиони), за целиот труд, наместо да се најде пред публика, да заврши во подрумите на фабриката за плочи, чекајќи група овластени експерти да го кажат своето мислење, поточно пет члена на Комисијата за оданочување на грамофонските плочи на Секретаријатот за култура на СР Србија.

Шундот е најскап во Македонија


Доволно е една републичка комисија да оданочи плоча за да почне да се применува нејзината одлука и во другите републики на Југославија. Во тој случај, за истата плоча во Србија, тој данок изнесува 23 отсто од вредноста, додека во Македонија е речиси 100 отсто.

Што се однесува до приходите што се остваруваат на овој начин, а кои некогаш биле наменети за подобрување на истата издавачка дејност, сигурно е дека тие не служат за таа цел. Така барем тврдат издавачите на плочи, кои печателе некои изданија на плочи или сериозна музика однапред сметајќи на загуби, бидејќи за жал, се работи за стока која не е актуелна на диско-пазарот.

Зошто на овластената комисија ѝ е потребно толку време за да ја процени плочата и зошто производителите на плочи - работниците на „ПГП РТБ“ треба да страдаат поради тоа?

- Не гледам причина да се крева толкава врева околу албумот. Работата е во процес и додека тој процес трае, се договоривме да не даваме никакви изјави за новинарите - изјави Воја Марковиќ, член на Комисијата за оданочување плочи.

Бoрбата против кичот во забавната, а особено во народната музика, мора да постои. Колку што знаеме, се спроведува во повеќето дискографски куќи. Онаму каде што не постои, одговорните социјални и политички работници мора да ја спроведат бидејќи шундот се создава за да се заработат пари, на штета на општествениот морал.

РТВ ревија, август 1979

Извор: Yugopapir.com
Фото: Yugopapir
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот