X
 22.02.2023 Живот

Сакате да живеете подолго и без стрес? Напијте се чаша пиво!

Пивото има долга и бурна историја, имено, се подготвувало уште во неолитскиот период. А за сите оние што мислат дека тоа биле исклучиво мажи, се лажат. Првите професионални пивари биле жени.

Зошто е добро да се пие пиво?

Сè до 16 век варењето пиво било женска работа и било составен дел од домаќинствата во многу делови на Европа. Во еден дел од историјата производството влегло и во манастирите. Монасите го нарекувале течен леб и го пиеле најмногу за време на постот, кога не смееле да јадат, па затоа пивото било замена за храната.

Денес има повеќе од 400 различни видови, а Меѓународниот ден на пивото се слави во првиот петок во август. За оние што сакаат да дознаат повеќе, имаме и еден забавен податок: ценосиликофобијата е страв од празна чаша пиво, па турете си една чаша и дознајте ги сите придобивки од оваа комбинација на јачмен, хмељ, квасец и вода.

За разлика од другите алкохолни пијалаци, пивото се смета за хранлива намирница, без додадени адитиви и конзерванси. Содржи влакна кои се важни за варењето и можат да бидат корисни за секој што има лош холестерол. Потемното пиво има повеќе влакна.

Ги зајакнува коските


Според истражувањата на италијанските хемичари и биотехнолози, пивото содржи силициум, кој благотворно влијае врз коскените клетки и може да спречи појава на остеопороза. Чаша пиво ја подобрува апсорпцијата на калциум, кој е неопходен за подобра густина и здравје на коските.

Го ослободува стресот


Умерените количини пиво ги смируваат нервите и на тој начин го намалуваат нивото на стрес. Поволно влијае врз психата, а според некои истражувања, луѓето што пијат по една или две чаши дневно живеат подолго.

Добро е за кожата

Со оглед на витамините и антиоксидансите што ги содржи, пивото исто така благотворно влијае врз нашата кожа и го забавува стареењето. Антибактериските својства и цинкот ги чистат порите, ја обновуваат кожата и ја прават поотпорна на создавање акни. Може да се користи во разни маски за лице, а одлично е и за одржување здрава коса. Според некои легенди, жените во древниот Египет се капеле во пиво.

Ги штити бубрезите

Пиењето пиво може да ги намали шансите да добиете камења во бубрезите. Поради своите состојки, дејствува и како диуретик, ги штити бубрезите и ги одржува поздрави. Секако, доколку ги следите препораките и го пиете во умерени количини.

Помага кога имате несоница

За секој што има проблеми со спиењето, чаша пиво може да биде идеално природно решение. Освен што содржи хмељ кој има смирувачки ефект, студиите покажуваат дека содржи и мелатонин, хормон кој најчесто се користи во борбата против несоницата.

Ја подобрува меморијата

Веќе истакнавме дека го намалува стресот, а умереното консумирање пиво влијае врз концентрацијата и ја подобрува меморијата. Според истражувањето на јапонските научници, љубителите на пиво имаат помала веројатност да заболат од Алцхајмерова болест или деменција.

Го чува срцето

Сè повеќе истражувања покажуваат дека витамините од пивото го спречуваат згрутчувањето на крвта, па затоа умерените количини ги штитат крвните садови и ја намалуваат шансата за срцев удар. Освен што го штити срцето, го одржува и доброто ниво на шеќер во крвта. Според студијата на Европското здружение на дијабетолози, препорачаната консумација на пиво го намалува ризикот од дијабетес.

Ги штити забите

Пивото може да спречи формирање и раст на бактерии во устата и на забите. Дури и најслабиот екстракт од овој напиток ја блокира активноста на бактериите и спречува расипување на забите и воспаление на непцата.

Извор: Putnikofer.hr
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот