X
 09.05.2023 Забава

Пивска бања - капење, масажа и консумирање на омилениот пијалак

Капењето во пиво е исклучително популарен туристички тренд благодарение на неговите многубројни здравствени придобивки, а верувале или не, датира од средниот век.

Сепак, ова не се однесува само на придобивките од капењето, туку постојат и други начини на кои може да се користи пивото.

Сите ги знаеме придобивките од пиењето студено пиво по долг напорен ден. Сепак, се покажа дека сето тоа го правиме погрешно, па наместо да пиеме пиво, треба да се бањаме во него. Барем така велат експертите од Исланд. Ним им се придружуваат спа-центри од Словенија, па така, пивската бања денес е исклучително популарна.

Во пивската бања „Bjórböðin“, на северот од земјата, туристите имаат можност да се потопат во пивски бањи, односно буриња што содржат пиво на температура од 37 до 39 степени. Освен здравствените придобивки, овие бањи позитивно влијаат и врз убавината.

Пивото што се користи во бањите на Исланд е во рана фаза на ферментација. Има ниска pH-вредност, што придонесува за затегнување и омекнување на фоликулите на косата. Освен тоа, ја чисти кожата. Пивскиот квасец кој поминал низ процесот на ферментација е одличен извор на витамин Б и има ревитализирачко дејство на телото и е богат со протеини, калиум, железо, цинк и магнезиум.


Исланд не е единствената земја што нуди вакви спа-третмани. Ваква практика е забележана во Чешка, Белгија, САД и други земји во светот. Придобивките од капењето во пиво се докажани уште од средниот век. Пивото уште еднаш ја докажа својата универзалност.

Денес во Словенија има и многу спа-центри што нудат пивска бања. Една од нив е Термана Лашко, која нуди велнес-програма базирана на пиво или хмељ од локалните региони. Покрај третманите, овој спа-центар нуди и искуства на отворено кои дополнително го подобруваат вашиот престој и искуство.


Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава