Во свет кој постојано нè тера да брзаме, да планираме за иднината и да се оптоваруваме со грешките од минатото, јапонската филозофија „Кондо ва кондо, има ва има“ нуди освежувачки поглед кон животот. Оваа фраза неодамна стана популарна благодарение на филмот на Вим Вендерс - „Совршени денови“, во кој главниот лик, чистач на јавни тоалети во Токио, живее токму според овој принцип.
Длабоко вкоренета во јапонската култура, оваа филозофија нè учи важна лекција за трпението и присуството во моментот.
Што значи „Кондо ва кондо, има ва има“?
Фразата приближно се преведува како „Следниот пат е следниот пат, сега е сега“. Таа нè потсетува дека не мора сè да се реши веднаш, туку понекогаш подобро е да ги оставиме работите да се одвиваат природно, без непотребен притисок.
Според јапонската мудрост, животот е баланс помеѓу дејствување и прифаќање. „Кондо ва кондо“ значи „тоа (или следниот пат) е за тогаш“, односно некои работи треба да се остават за подоцна. „Има ва има“ значи „ова е за сега“, што ја нагласува важноста на фокусирањето на сегашниот момент, без грижи за иднината.
Како да ја примените оваа филозофија во секојдневниот живот?
Фокусирајте се на приоритетите - Работете прво на она што е навистина важно, а другото оставете го за подоцна.
Ослободете се од каење - Она што било не може да се промени. Насочете ја вашата енергија кон она што можете да го контролирате сега.
Избегнувајте непотребен стрес – Ако нешто не е итно или не зависи од вас, не оптоварувајте се - ќе се реши кога ќе дојде време.
Живејте свесно - Уживајте целосно во моментите, без разлика дали јадете, разговарате со пријател или сте во природа.
Верувајте во природниот тек на времето - Некои работи ќе се решат сами од себе, без потреба од форсирање.
Извор:
Indianexpress.com
Фото: Freepik