X
 13.05.2019 Живот

Сакате да живеете на јахта без пари? Ова е совршена работа за вас!

Ако една недела пловење во луксузна јахта ви звучи како одмор од соништата, што мислите за посериозна работна понуда? Имено, британската веб-страница „ХашХаш“, која се занимава со продажба на луксузни производи и услуги, бара заинтересирани кандидати за работно место испитувачи на квалитетот на јахта.

Најсреќните кандидати ќе пловат на луксузна јахта една недела, во замена за контролирање на нејзините квалитети за навремено да се откријат сите евентуални неправилности и да се поправат пред јахтата да биде купена.

Во огласот за работа е наведено дека компанијата бара флексибилни, полнолетни и лојални луѓе што ќе имаат важечки пасош. Иако претходно познавање на јахтата не е неопходен предуслов за пријавување, важно е да имате добро око за детали што ќе ве издвои од другите кандидати.

- Нашата компанија соработува со најбогатите луѓе во светот, па нашите производи и услуги мора да бидат на ниво. Токму затоа бараме некој чија задача ќе биде да го надгледува квалитетот на цела јахта; бањата, креветот, кујнските уреди и сè друго за да бидеме сигурни дека нашите купувачи ќе бидат задоволни - вели Арон Харпин, директор на компанијата „ХашХаш“.

За рецензирање на една јахта, што обично трае една недела, ќе ви бидат платени 1.000 фунти, а можете да рецензирате до 50 јахти, што значи дека може да заработите до 50.000 фунти.

ТУКА можете да го прочитате огласот и да се пријавите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот