X
 06.04.2016 Технологија

Апликација која ви покажува во кој светски град треба да живеете

Сите ние во некој момент од животот сме посакале да ги спакуваме куферите и да се преселиле - но, прашањето е каде?

 

град


Иако миграциите се честа појава, се чини дека ситуацијата е се` полоша. Поради лошите услови за живот, од Македонија се иселуваат голем број луѓе, особено млади кои се во потрага по подобар живот. Но, каде треба да го бараат тој подобар живот? Германија? Ирска? Шведска?

Дали само можноста за наоѓање на работа е важна или има некои работи на кои треба да обрнеме внимание? Кој град да се избере и кој град ќе ги исполнува нашите очекувања за идеален живот? Токму одговорот на ова прашање го нуди апликацијата „Teleport“ која е едноставна за користење, а на корисникот му нуди можност да провери кој светски град за него е идеална дестинација за живеење.

Со решавање на краток прашалник, апликацијата собира податоци за тоа што е важно за живот, колку примања имате, колку плаќате за кирија во градот во кој живеете и со што се занимавате. Со помош на алгоритми се проценува во кој светски град би требало да живеете.

 

град


Откако ќе ви ги прикаже градовите, од страна е прикажано како вашето преселување ќе се одрази на вашите сегашни примања. Исто така, секоја од понудените опции може да се уреди во зависност од тоа што ви е важно како граѓанин (време, промет, чистота и слично).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија