X
 22.04.2019 Живот

Во нападите на Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе

Најмалку 290 луѓе загинаа, а 500 се повредени во вчерашната серија напади врз цркви и хотели на Шри Ланка, соопштија утрово властите.

Тие исто така наведоа дека се приведени 24 лица осомничени за поврзаност со нападите.

Сè уште никој не презеде одговорност за нападите што се случија на Велигден по грегоријанскиот календар.

Осум експлозии одекнаа во цркви и хотели во Коломбо и во околината.

Околу 1,2 милион католици живеат на Шри Ланка, која има 21 милион жители. Христијаните се седум проценти, околу 70 се будисти, 12 – хиндуисти и 10 отсто се муслимани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот