X
 22.04.2024 Живот

Оваа компанија ќе им плати на двајца најдобри пријатели патување до Лондон и билети за концерт на Тејлор Свифт

На обожавателите на Тејлор Свифт им се нуди неверојатна можност која не би ја замислиле ни во најлудите соништа.

Имено, компанијата „Флајтографер“, платформа со седиште во Канада, која ги поврзува патниците со фотографите во светот, бара да ангажира двајца „Свифти бестис“, односно двајца најдобри другари кои ќе присуствуваат на нејзината турнеја „Ерас“ на стадионот „Вембли“ во Лондон, на 19 август 2024 година.

Компанијата лансира три фототурнеи инспирирани од Тејлор Свифт во Лондон, Париз и во Њујорк.

- Фототурнеите наречени „Кепчр јор ера“ ќе вклучуваат застанувања инспирирани од култните моменти во историјата, вклучително и Св. Корнелија во Њујорк, Понт де Артс во Париз и Вест Енв во Лондон. За овие нови турнеи, „Флајтографер“ ќе ангажира двајца најдобри пријатели како главни создавачи на спомени на компанијата, со задача да го направат патувањето од нивните најлуди соништа за да ја тестираат новата фототурнеја - велат од компанијата.

Среќните кандидати ќе го тестираат искуството со фототурнејата, снимајќи слики и видеа за инстаграм-профилот на „Флајтографер“.

Работата вклучува стипендија за патување од 5.000 долари, премиум билети за „Ерас“ и фотосесија. Исто така, кандидатите ќе добијат и пари за средување и облекување за самиот концерт.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на flytographer.com до 9 мај.

Кандидатите мора да имаат најмалку 21 година, иако најдобриот пријател што ќе земат со себе може да биде помлад.

Извор: Foxbusiness.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот