X
 18.12.2015 Живот

ЈСП ги објави новите цени на билетите



Од ЈСП Скопје во соопштенито до медиумите напоменуваат дека моменталната цена на билет купен кај возачот останува иста се до вклучувањето на приватните превозници во Системот за електронска наплата. Електронските билети за возење во државните и приватните автобуси ќе бидат задолжителни од мај 2016.

Билет за едно возење, цената се унифицира за сите зони на 35 денари, односно цената за втората зона (приградски линии) се намалува од 40 на 35 денари;

Билет за ноќно возење, цената останува иста,односно 40 денари;

Билет за 10 возења, цената останува иста, односно 250/300 денари во зависност од зоната;

Месечен билет, цената е намалена за 60 денари во прва зона (од 1460 на 1400 денари), односно 80 денари за двете зони (од 1680 на 1600 денари);

Месечен билет за деца без родители, цената е намалена за 30 денари (од 730 на 700 денари);

Сезонски месечен билет за студенти и ученици за месеците Јули и Август, цената е намалена за 20 денари (од 620 на 600 денари);

Годишен билет, цената е намалена за 660 денари (од 16060 на 15400 денари). Исто така, годишниот билет ќе биде со важност од 12 месеци од моментот на купување на истиот.

Оттаму соопштија и дека се планира воведување и на нови типови на билети, и тоа:

Временски билет за 90 минути (менување на автобуси), цената ќе изнесува 60 денари, што значи дека со промена на 3 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 20 денари; за промена на 4 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 15 денари итн;

Дневен билет за прва, односно двете зони ќе биде 120/150 денари во зависност од зоната, што значи дека доколку некој се вози во просек 5 пати во денот, просечната цена на билетот ќе изнесува 24, односно 30 денари од возење;

7 дневен билет ќе изнесува 500 денари за прва зона, односно 600 денари за двете зони, што во просек би чинело 19,23 односно 23,08 денари. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и билет за жичарница и лифт во два правци;

3 месечен билет ќе изнесува 4,000 денари за прва зона, односно 4,500 денари за двете зони или во просек би чинело 21,62 односно 24,32 денари по возење. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и 3 билети за жичарница и лифт во два правци;

6 месечен билет ќе изнесува 7,800 денари за прва зона, односно 8600 денари за двете зони или во просек би чинело 21,67 односно 23,89 денари по возење;

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот