X
 22.05.2023 Наука

Откриен астероид кој може да ја погоди Земјата во следните 1.000 години

Некои работи се неизбежни. Така е неизбежно и тоа дека еден ден астероид ќе се движи кон Земјата. Тоа се случувало во историјата и ќе продолжи да се случува во иднина. Човештвото досега имало среќа бидејќи не морало да се соочи со катастрофална закана од вселената во облик на голем астероид. Но, научниците се подготвуваат на можното сценарио за удар од астероид во далечната иднина.

Повеќе организации низ светот ги надгледуваат настаните во вселената и ги забележуваат потенцијално опасните вселенски тела во близина. Листата со потенцијално опасните вселенски тела не е готова, туку постојано се надградува. Астрономи направиле предвидување за орбитите на големите астероиди во близина на Земјата. Предвидувањето е за следните илјада години.

Нивната анализа покажува дека ниту еден голем астероид не претставува значаен ризик за нас во следниот век, но тешко е да се предвиди движењето на астероидите по тој период. Мали настани може да доведат до големи промени во траекторијата на астероидите.

Опасен кандидат

Астрономите ги проучувале можните судири на астероиди со Земјата и направиле повеќе симулации во кои ги нацртале сите можни движења на вселенските тела. Бил идентификуван еден астероид како особено опасен. Тој астероид ќе помине поголемо време во близина на Земјата во следните илјадници години. Тоа не значи дека тој нужно ќе удри во нашата планета, но има најголеми шанси за судир во иднина.

Освен тој, бил идентификуван и уште еден астероид со хаотична орбита, поради што не може да се предвиди неговата точна позиција.

Во анализата астрономите идентификувале 28 кандидати кои имаат веројатност поголема од 0 за удар во Земјата. Тоа значи дека тие ќе поминат на оддалеченост помала од оддалеченоста на Месечината.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука