X
 22.05.2025 Живот

Спектакуларни фотографии од натпреварот „Фотограф на годината за Млечниот Пат 2025“

Блогот за патничка фотографија „Кепчр д атлас“ ги објави добитниците на својот годишен конкурс „Фотограф на годината за Млечниот Пат“. Избраната колекција за 2025 година вклучува 25 од најдобрите фотографии од Млечниот Пат направени низ целиот свет, а првпат се вклучува и фотографија направена од вселената.

Ова е осмо издание на натпреварот, кој годинава прими повеќе од 6.000 пријави. Фотографи од речиси 20 држави испратија фотографии направени во 25 земји, меѓу кои Чиле, САД, Грција, Швајцарија, Гватемала, Австралија, Нов Зеланд, Тајван, Аргентина, Јемен, Чад и други.

Посебен момент годинава е фотографијата направена од Меѓународната вселенска станица од познатиот астрофотограф и поранешен астронаут на НАСА, Дон Петит, кој успеал да го овековечи Млечниот Пат како блеска над атмосферата на Земјата.

- Оваа фотографија ја премостува границата меѓу науката и уметноста, нудејќи ни поглед што предизвикува страхопочит кон галаксијата што нè опкружува, како од Земјата така и од орбитата - објаснуваат од „Кепчр д атлас“.

- Иако со голо око можеме да видиме само мал дел од Млечниот Пат, фотографијата ни овозможува детално да ја откриеме неговата скриена убавина, бои и шари на ноќното небо кои обично остануваат незабележани. Но надвор од камерата и техниката, тоа се креативноста, трпението и восхитот на фотографот што навистина ги оживуваат овие слики - додаваат од блогот.

Подолу се дел од 25. наградени фотографии од конкурсот за 2025 година. Другите фотографии, заедно со личните приказни на фотографите и техничките податоци за секоја снимка, се достапни на веб-страницата на „Кепчр д атлас“.

1

2

3

4

5

6

7

Извор: Petapixel.com
Фото: Capture the Atlas
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот