X
 16.10.2021 Живот

Како би изгледал светот ако исчезнат луѓето?

За време на истражувањата на напуштени места низ Европа, наградуваниот француски фотограф Ромен Вејон пронашол волшебни градби кои биле оставени да пропаѓаат со децении.

Во неговата најнова книга „Зелен урбекс: Светот без нас“, овој фотограф истражувал како би изгледал светот доколку човечката раса исчезне и природата тргне по својот пат.

- Што ако човештвото целосно исчезне од Земјата? Низ фотографиите ќе ги видите подовите покриени со прашина, испуканите ѕидови, гниењето на дрвото, и како природата полека ги напаѓа оние места што порано биле полни со живот, потсетувајќи нѐ на неопходноста да живееме во хармонија со нашето живеалиште. Природата не може да ја издржи штетата што ја прави човекот. Низ фотографиите ќе ве однесам на патувања во замоци, училишта, болници, фабрики и цркви заборавени од човекот - вели фотографот.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Archdaily.com
Фото: Romain Veillon
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот