X
 22.06.2017 Живот

Интровертните не ги мразат луѓето, тие само не сакаат површно социјализирање

Ако сте интровертна личност веројтно сте слушнале забелешка од некој познат дека оставате впечаток како да не ги сакате другите луѓе. Исто така, веројатно сте свесни дека тоа не е ниту малку точно и дека Вие едноставно сте несфатени од околината.

Никој не е совршен, па ни вие. Голема е веројатноста дека и покрај тоа што знаете дека не ги мразите другите, се окарактеризирате како личност која не може многу да се социјализира. Но, кога ќе дознаете дека не сте единствени сѐ се менува.

Интровертните личности не ги мразат другите, само не сакаат површно социјализирање. Еве што значи тоа:

Не им пречи личноста, туку разговорот за непотребни работи – интровертните не сакаат да бидат сами цело време, но не сакаат плитко социјализирање. Ним им е тешко да создадат пријателства од две-три средби затоа што им е важно врската да се продлабочи и не ги интересираат разговорите за непотребни работи.

Не може секогаш да се останува дома – ова е нешто со кое интровертните треба да живеат. Тие не сакаат да прават многу работи, но ги прават затоа што имаат добра причина зошто да ги прават. На крај на краиштата луѓето се и социјални битија. Секој има удобна зона и на интровертните особено им е тешко да ја напуштат истата. Освен тоа, како би ги сретнале своите најдобри пријатели ако не го напуштат домот?!

Социјализирањето е многу повеќе од минување време
– екстровертните можеби не сфаќаат што социјализацијата значи за интровертните. Тоа не е само време поминато со некој друг затоа што е подобро времето да поминува брзо. На интровертните и онака им е поудобно да се сами, па зошто тогаш би се социјализирале? За некои е вистински предизвик да излезат надвор и да се дружат и кога ова не е сфатено од другите за кои социјализацијата е лесна работа, на интровертните им пречи.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот